Wednesday, March 9, 2016

МИН-ЕКС ИМА ПОТРЕБА ОД НОВИ 10 ВРАБОТУВАЊА ЗА РАБОТНОТО МЕСТО ТРГОВСКИ РАБОТНИК – ПРОДАВАЧ



Лицата кои што ќе се пријават треба да имаат: 

  • Минимум средно образование
  • Познавање на работа со компјутер
  • Поседување на одлични способности за комуникација и продажба
  • Подготвени за тимска работа 
  • Претходното работно искуство ќе се смета за предност


Обврска на секој вработен :

  • Со својот позитивен однос кон купувачите и познавање на артиклите потребно е да ги задржи постојаните и да привлече нови муштерии.
  • Постојано да ја одржува исправноста на производите, нивното позиционирање, редот и хигиената во маркетот.
  • При работа на каса должност на секој вработен да обезбедува точна состојба со точно куцање на каса, ниски кусоци, поголема ефективност во работењето и позадоволни купувачи. 
Работниот однос се заснова на определено работно време од 3 ( три ) месеци со можност за продолжување на договорот за работа.

Работното време е организирано во две смени:

  • Прва смена од 06:00 до 14:00 часот
  • Втора смена од 14:00 до 22:00 часот 

Слободни денови следуваат за секој вработен според законот за работни односи на РМ.

Oсновна плата за секој нововработен на работното место продавач е 10.080 МКД, плус месечни бонуси поврзани со продажбата.

За ова работно место обезбедена е и соодветна обука.

Вашите апликации праќајте ги на e-mail marketi@min-eks.com или во работните просториите на МИН-ЕКС секој работен ден од 15:00 до 15:30 часот.

Апликации може да доставуваат сите заинтересирани за работа без оглед на полот.

Рокот за пријавување е до 31.03.2016


No comments:

Post a Comment